четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 99
home Вести

Јанушев: СДСМ е во паника, се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот

Јанушев: СДСМ е во паника, се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера веше во посета општините Лозово и Свети Николе каде оствари средба со голем број граѓани со кои разговарале за со штетните последици од капитулантскиот договор кој што владата предводена од Заев го потпиша со соседна Грција.

-Она што можам да го истакнам е дека во огромен број граѓаните при овие посети се запознаени со текстот на договорот  и истите не се согласуваат со нив, што всушност и како став и како партија се поистоветува и со ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи од самиот старт кажавме дека сме против овој договор и истиот нема да го прифатиме. Нормално разговаравме со луѓето, се обидовме да им објасниме некои нејаснотии кои што ги имаат. Исто така што може да се забележи особено последните денови е дека СДСМ е во паника се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот, изјавил Јанушев.

Генералниот секретар на партијата истакна дека  Оливер Спасовски во изјава јавно кажа дека дури и за водење на интернет кампања, односно кампања по социјални мрежи дека ќе следувале апсења.

-Исто така видовме изјава од министерот Димитров кој всушност е потписник на овој капитулантски договор, кој кажа дека без разлика на успешноста на референдумот, дека истиот ќе пробаат на сила да го стават на дневен ред во Собранието и многу други вакви изјави. Она што сакам да го порачам до целокупниот македонски народ е она што и  многупати го кажавме, да го користи разумот, да размислат што точно ова значи. Што точно значи бришењето на македонското име на се она што е македонско, на влогот на Заев кој не му дал никој право да си игра со македонската нација и сепак да го послушаат срцето во однос на тоа како ќе постапат на 30-ти септември на денот на референдумот, нагласи Јанушев.

Локални избори 2021