четврток, 13. август 2020. Вести денес: 124
home Вести

Јанушев: Редовна исплата на субвенциите, олеснет пристап до ИПАРД фондови…

Јанушев: Редовна исплата на субвенциите, олеснет пристап до ИПАРД фондови…

Бевме во посета на фармата „Бониер“. Заедно со соптствениците разговаравме за нивните потреби, она што мора да се направи после 15 јули за оваа гранка.

Во програмата се обврзуваме на редовна исплата на субвенциите, на олеснет пристап до ИПАРД фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло.

Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, проекти за подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади и помош за набавка на добиток од основно стадо.

#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова

Коронавирус