среда, 5. август 2020. Вести денес: 115
home Вести

Јанушев: Правдата во Македонија е како Катица, еден ден посрамотена – со ќулавка на главата, другиот ден со лицемерна насмевка пред јавноста

Јанушев: Правдата во Македонија е како Катица, еден ден посрамотена – со ќулавка на главата, другиот ден со лицемерна насмевка пред јавноста

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за „Вечер“ вели дека правдата во Македонија е како Катица, еден ден посрамотена – со ќулавка на главата, другиот ден со лицемерна насмевка пред јавноста.

Четириесет рочишта за најголемата корупциска афера се закажани за до пролет, веќе има едно признание за вина, влегува ли предизборието во сенка на Рекет?

Не е само еден случај туку дузина „Рекети“, кои и се случуваат на Владата што е раководена од Зоран Заев. Пред очи имаме една режирана претстава каде што луѓето на власта во судството и обвинителството треба да лоцираат вина за рекетираните милиони во неколку луѓе, случај, каде што можеби ги имаме учесниците на еден криминален чин, но инспираторите и нарачателите остануваат неопфатени, иако тие јасно се надзираат и може да се претпостават. Не може да се каже дека случајот „Рекет“ би имал разрешница ако не се оди до крај, ако остане неразјаснета улогата на Кирацовски или Ременски на пример. Или пак, до крај не се расветли оној исказ на Јовановски кој кажа дека пиел кафе со Рускоска, која пак му говорела за детали од истраги, или пак да се расветли на пример која е министерката, кои се судиите и обвинителите кои го посетувале домот на Јовановски. Најважно, да се каже кој го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен за рекет и каде завршила торбата „луј витон“ полна со пари. Знаете, правдата нема да биде задоволена само со затвор за некој од сега обвинетите туку треба да се оди до самиот крај, до инспираторот на самиот случај кој мене ми личи дека е вовлечен во удобната фотелја на „Илинденска“.

Од она што досега го видовме, имаме претстава, но ја немаме вистината. Треба да се побара одговорност од оние кои стојат зад моќта на Бојан за да прави рекет, истите тие кои му ја даваа силата за тоа. За жал, правдата во Македонија е како Катица, еден ден посрамотена – со ќулавка на главата, другиот ден со лицемерна насмевка пред јавноста. Но, „Рекет“ не е само Катица и Бојан туку многу повеќе од тоа. Во тоа здружение на Бојан Јовановски членуваше без малку целото раководство на СДСМ, тоа беше нивен проект, а Бојан адут на Заев и тоа беше јавна тајна. Иако сега истите тие ги креваат рацете и се перат од одговорност, сепак тоа не се заборава, а сите ние имаме посилна меморија од тоа што СДСМ сака да имаме. Со оваа афера се фрла темна дамка и кон целото раководство на сегашната СДСМ.

Имате ли вие како партија докази за нови продолженија на „Рекет“? Ќе ги објавите ли доказите за вмешаност на високи функционери во аферата ? Зошто уште чекате?

Нема лага која до сега ја ширеше СДСМ, а да не им се врати како бумеранг, секоја една невистина им се распрсна како меур од сапуница. И ние оставаме да видиме до каде ќе оди ова лудило, да видиме до кога самите ќе тонат во жив песок. Шака криминалци ни ја водат државата и мислат дека раководат со судбините на луѓето. Па, мислат дека нивните злодела нема да се дознаат.

И не само што нема истрага, нема ниту институционална реакција. И верувам дека нема да има само Рекет 2, туку и Рекет 3, и останати продолженија од кои јавноста ќе биде зграната за степенот на забеганост на власта и нејзиниот степен на лукративност и криминализираност. И овие афери нема да бидат исти како владините лажни вести туку вистински реални скандали, додава Јанушев.

Целото интервју можете да го прочитате тука.

Коронавирус