петок, 25. септември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Јанушев: Поднесовме во Управниот суд тужби во однос на начинот на кој што се изврши верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

Јанушев: Поднесовме во Управниот суд тужби во однос на начинот на кој што се изврши верификација на мандатите на дополнителните осум пратеници

Само што ги поднесовме тужбите во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието на Република Македонија, порача Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, знаете дека и покрај нашите реакции како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија каде што укажавме дека е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на кој што владејачкото мнозинство го направи. Преку предлог на Комисијата за верификациони работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници, посочи тој.

Јанушев порача дека сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада.

-Значи буквално она што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист и таков начин. Што впрочем и на почетокот на седницата за избор на Влада го укажавме дека тие осум луѓе не се верификувани и не станале пратеници на начинот на кој што е пропишано со Деловникот. И впрочем дава еден огромен нелигитимитет и нелегалност на изборот на целата Влада. Очекувам од Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите кои што денеска ги доставивме и да одлучи врз основа на словото на Законот, заклучи Јанушев.

Коронавирус