четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 14
home Вести

Јанушев: Почнуваме со ажурирање на членството од 1 декември и распишуваме оглас за членови и претседатели на републичките комисии

Јанушев: Почнуваме со ажурирање на членството од 1 декември и распишуваме оглас за членови и претседатели на републичките комисии

Со состојбата во Република Македонија е загрижувачка. Имаме политичко уназадување, правен хаос, девастирана и упропастена економија, здравствен систем кој не функционира, образование кое не нуди квалитет, земјоделие со премногу проблеми. Владата не само што не нуди решенија, туку само ги продлабочува проблемите. Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен секако во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој посочи дека името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето.

-Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план. Токму затоа ќе работиме на дополнително унапредување на капацитетите кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети  и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава, истакна генералниот секретар на партијата.

Јанушев истакна дека во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

-Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо, биографија (CV), истиот овој Јавен Повик ќе биде објавен и во дневниот печат и на официјалниот сајт на партијата. Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават, вели тој.

Втората одлука која се донесе на последната седница на Централниот Комитет е одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

-Ги повикувам сите членови кои ги споделуваат ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ да се обратат односно да ги посетат општинските комитети и да го ажурираат своето членство, односно податоците во истото. Се оди чекор понапред и се следат современите текови, односно новина е тоа што овој пат членските книшки, по завршување на ажурирањето, ќе бидат со модерен изглед слични на пример со личните карти кои што секој ги има полнолетен граѓанин. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе работи за народот. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила која ќе ја порази оваа неспособна власт. Затоа ги отвораме вратите за способните, мотивираните и оние кои сакаат да дадат свој придонес за рушењето на оваа власт и нормализирање и градење на оваа држава. Македонија мора да ја изградиме во нормална, напредна земја на сите граѓани, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус