четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Јанушев: По објавите во „Шпигел“ кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Јанушев: По објавите во „Шпигел“ кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева, пишува на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Понатаму, во Шпигел се вели дека земјата во јуни не доби датум за преговори заради резервите на Франција, Германија и Холандија, кои после аферата “Рекет” се покажале оправдани.

Истовремено, го слушаме Никола Димитров како си бара алиби и се оградува (по не знам веќе кој пат во неговата политичка кариера) од политиките на Владата на Зоран Заев и СДСМ.

Многу ме интересира кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ. Прогноза?

А, исто така, интересно ќе биде да се слушне и види коментарот на Зоран Заев. Дали можеби и нив така “сочно” ќе ги нападне со навреди? Или можеби и нив ќе им нарача некое обвинение од “независното” обвинителство кое ќе заврши во “независното” судство???