сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 38
home Вести

Јанушев: Пендаровски е олицетворение на негативните процеси за Македонија, а Силјановска угледен професор

Јанушев: Пендаровски е олицетворение на негативните процеси за Македонија, а Силјановска угледен професор

Климата во државава е јасна, граѓаните се разочарани, а Стево Пендаровски е препознатлив по негативните политики. Оттука Пендаровски воопшто не го гледам како фаворите на овие избори, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24.

Според анкетите кои ги прави партијата Силјановска е во предност. -Огромен рејтинг има и Река и тоа мора да се земе во предвид, сигурно и СДСМ го знае, но не очекувам да го каже, рече Јанушев. Јанушев посочи дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е голема, како што голема и меѓу кандидатите Пендаровски и Силјановска.

Тој укажа дека има само реторика кај СДСМ за евроатлантските интеграции, а ништо од реализација. Во овој контекст рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори од една страна има кандидат за претседател личност како професорката Силјановска која е една од убедливо најдобрите професори, меѓународно признат експерт, а од друга страна е Пендаровски кој има учествувано во најнегативните процеси за државата. -Со него се поврзани процесите како Преспаснкиот договор и криминалниот начин на кој се дојде до него, потоа од поодамна е територијалната поделба исто процес кој е лош за државава. Тоа се процеси кои носат само негативни работи на Македонија, рече Јанушев. Јанушев потсети дека СДСМ нема направено ништо досега и дека тешко дека нешто ќе може да направи Пендаровски.

Тој потсети на ветувањата кои не се реализирани како автопати, локалнни патишта, завршување на пругата со Бугарија, гасификација, потоа поврат на ддв, просечна плата од 500 евра, ветување за зголемување на плати во јавен и државен сектор, 100 илјади денари плата за лекарите, бесплатно болничко лекување, а Филипче деновиве вика се ќе биде јавно приватно партнерство или ќе се приватизира. -Ова се ветуваше, а ништо не е реализирано. Граѓаните гледаат, рече Јанушев.

Коронавирус