петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 70
home Вести

Јанушев: Одлагањето на пописот е пред се заслуга на граѓаните, тие заедно со ВМРО-ДПМНЕ рекоа не за попис во време на корона пандемија

Јанушев: Одлагањето на пописот е пред се заслуга на граѓаните, тие заедно со ВМРО-ДПМНЕ рекоа не за попис во време на корона пандемија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на гостувањето во емисијата „Јади бурек“ што се емитува на телевизија Сонце рече дека пописот е одложен на барање пред се на граѓаните.

„Власта сакаше да спроведе попис бидејќи само со тоа можеа да се пофалат дека нешто направиле, значи да се пофалат и дома и надвор, затоа што нема со што. Во услови кога ни починуваат над 30 луѓе на ден, а еве денес и две родилки, тие не убедуваа дека може да ни доаѓаат луѓе дома и да не попишуваат. Едно со друго не оди“, рече Јанушев.

Прв бев, рече Јанушев, кој во јавност кажа дека што и да покажат бројките од пописот, тоа не е операција врз основа на која ќе даваме и земаме одредени права.

„Ова е статистичка операција, нас ни треба да се преброиме за да можеме да кроиме политики. Требаше да се одлоѓи и падна договор да се одложи, да не направиме дополнителна штета на и така огромната штета. Првата битка е добиена и се надевам дека во следниот период ќе се обидеме да биде како што треба. Народот го кажа своето и јас не се сеќавам кога за толку краток период се собрале потписи од граѓани“, кажа Јанушев.

ЕУРО 2020

Македонија