понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 68
home Вести

Јанушев: Одговорноста за сообраќајната трагедија во Струма има име и презиме, а тоа е власта

Јанушев: Одговорноста за сообраќајната трагедија во Струма има име и презиме, а тоа е власта

„Никогаш не е доцна да се направи анкетна комисија. И не се поминати една година или повеќе од несреќата. Но, имаме ситуација каде што веќе е се поизвесно каде треба да се лоцира одговорноста. Значи имаме превозник на кој што му фалат документи, имаме превозник кој што возел со лиценци од други возила, од друга страна имаме проблем со возило со кое што стотици пати е напуштило државата, а надлежните не реагирале на тоа“,истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“ во однос на темата за сообраќајната трагедија во Струма.

Јанушев додаде дека власта меѓу себе си ја префрла топката за сообраќајната трагедија што се случи.

„Сакам да кажам дека немаме ние овде ситуација во која што не знаеме што се случувало. Повеќе од јасно е ситуацијата бидејќи документите се тука, самите министри излегоа и функционери да кажат и гледаме како си ја префрлаат топката од министерството во царината, од царината во полицијата, како во затворен круг. И не е на нас да ја префрлиме топката, ради тоа што никој од нас од опозицијата не е виновен за ова што се случува. Овде имаме со име и презиме кој е виновен“, појасни Јанушев.

Коронавирус