понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Вести

Јанушев од Кочани: Заев бега од дебата затоа што не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата и културата

Јанушев од Кочани: Заев бега од дебата затоа што не може да го оправда губењето на идентитетот, историјата и културата

Како дел од односно продолжување на она што го започнавме пред неколку месеци Лето за Македонија сме со граѓаните на Република Македонија обидувајќи се да им го објасниме договорот капитулантски кој што владата предводена од Заев на СДСМ го потпиша и штетните последици кои што произлегуваат од него. Неколку работи се интересни од она што го добиваме како информација од граѓаните, пред се дека освен штетните последици од договорот дека граѓаните исто така се заинтересирани да разговараат и за реалните проблеми кои што ги тиштат, секојдневието тешката живеачка која што ја имаат, сите криминали кои што ги гледаат од страна на власта, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и додаде:

„Она што е исто така интересно е три работи поврзани со штетниот договор. Интересно е тоа што Заев бега од дебата, а во изминатите неколку години цело време слушавме како бараше да има дебата, како бараше да има разговори, како бараше да има соочување пред се на лидерите на политичките партии а во овој момент кога доби отворен повик од претседателот Мицкоски истиот бега и не сака да ја прифати дебатата. Сега тука прашањето главно кое што се наметнува е зошто не сака да ја прифати дебатата? Не сака да ја прифати дебатата бидејќи нема одговор на сите оние штетни последици кои што како партија, како ВМРО-ДПМНЕ  ги нотираме пред сите граѓани во Република Македонија. Губењето на идентитетот, губењето на институционалниот идентитет, промената на сите идентитетски одредници, фамозниот член 8 и се она што во многу наврати сме го зборувале како огромни штетни и непоправливи последици, кои што ќе предизвикаат сериозна криза и сериозни проблеми во нашата држава.“

-Вториот сегмент кој е исто интересен се однесува на видеото кое што го видовме пред некој ден од говорот на Заев а се однесува на буквално нудење на поткуп преку приватните фирми. Еве ќе упатиме и едно прашање, доколку се сигурни како што тврдат дека ќе имаат успешен референдум е потребно да ги купуваат гласачите и тоа така јавно и недвосмислено да го говори премиерот на една држава за која барем тој како што вели да биде европска држава, да биде држава која се темели и се базира на европските вредности. Исто така е доста интересно дали Јавното обвинителство ќе се одважи да покрене постапка по однос на овој предлог, каде што јасно, прецизно и концизно го слушнавме Заев како повикува буквално сите фирми да понудат поткуп за со тоа да ги мотивираат граѓаните да излезат на овој референдум. Ќе порачаме од тука од Кочани, дека не се плашиме, дека сите закани и уцени допринесуваат да бидеме пообединети и да се спротивставиме на штетниот капитулантски договор, посочи Јанушев од Кочани.