вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Јанушев од Илинден: Граѓаните се свесни дека Заев и СДСМ се главните виновници за овој хаос кој владее и ќе кажат ДОСТА Е на 12-ти април

Јанушев од Илинден: Граѓаните се свесни дека Заев и СДСМ се главните виновници за овој хаос кој владее и ќе кажат ДОСТА Е на 12-ти април

Како што најавивме пред неколку дена почнуваме од овој викенд со акцијата односно со тимови од Извршниот Комитет каде што ќе извршат посета буквално во сите населени места во Република Македонија, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој денеска беше во посета на општина Илинден.

-Денес сум во Општината Илинден, ги посетивме населените места Мршевци и Миладиновци, исто така имаше огромна посета на луѓе и од останатите населени места. Разговаравме со жителите од овие две села, со граѓаните на Општина Илинден каде што тие ги потенцираат своите проблеми и она што можам да го кажам е дека се дефинитивно убедени да кажат СТОП за Зоран Заев и СДСМ. Да кажат СТОП на оваа криминално рекетарска банда која што буквално распродаде се што значеше нешто за граѓаните на Република Македонија. Да ставиме СТОП, да кажеме ДОСТА Е на разграбувањето на државата, на криминалните афери, на рекетот и на се она што негативно се случува, рече Јанушев и додаде:

„Граѓаните се свесни дека еден и единствен човек е виновник за сето ова што се случува во изминативе три години во Република Македонија. Тој човек има име и презиме, и тој човек е Зоран Заев. Зоран Заев и СДСМ се главните виновници за сите овие негативни работи и за овој хаос кој што владее во државата. И затоа се спремни на 12-ти април да ја дадат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и да издвојуваме една огромна победа и секако да ја почнеме обновата на Република Македонија“.

Коронавирус