сабота, 15. август 2020. Вести денес: 62
home Вести

Јанушев од Чашка: 160 милиони евра за земјоделците и навремени субвенции

Јанушев од Чашка: 160 милиони евра за земјоделците и навремени субвенции

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДМНЕ во Изборната единица 3, Игор Јанушев, од Чашка наброи многу проекти од програмата како што се 20 % зголемување на пензиите, покачување на платите за 25%, намалувањето на невработеноста под 10%, 160 милиони евра секоја година за земјоделците и навремени субвенции.

Тој во својот говор се осврна на програмата и посочи дека таа е внимателно направена, со 20 % зголемување на пензиите за секој еден пензионер, покачување на платите за 25% во просек, подобрување на условите кои живееме, намалувањето на невработеноста под 10%, здравство кое ќе биде на ниво со грижа за сите граѓани, 160 милиони евра секоја година за земјоделците и добивање субвенции навремено, се само дел од проектите кои ги наброи Јанушев во Чашка

-Во 360 страни имаме илјада проекти за подобрување и проекти за секој еден од вас, да нема еден од вас од општина Чашка кој ќе биде незадоволен од тоа што ќе го правиме, а ќе правиме многу, вели Јанушев.

Јанушев вели дека нема да биде лесно, напротив ќе биде многу тешко и ќе треба макотрпна работа, но ВМРО-ДПМНЕ е спремно на тоа.

-ВМРО-ДПМНЕ кога ветува и исполнува, она што е значајно за овој регион е автопатското поврзување од Скопје до јужната граница, кое ги поврзува Скопје, Велес, Прилеп, Битола до граница, овие десетина години нема кој не го најавил, но јас тука давам збор дека ние тоа ќе го реализираме, рече Јанушев.

Јанушев исто така говореше и за криминалот на власт и порача дека нема човек во државата ако изборот е помеѓу Заев и Македонија, што нема да ја одбере Македонија и ги повика сите граѓани без разлика на нивните ставови зашто како што вели ВМРО-ДПМНЕ подава рака на сите на 15 јули.

-Редно време е да сфатиме дека оваа наша генерација ќе ја промени насоката по која ќе се движи Македонија, редно време е да имаме пристоен и достоинствен живот, рече Јанушев.

Коронавирус