вторник, 4. август 2020. Вести денес: 99
home Вести

Јанушев од Берово: Заев и СДСМ жестоко ќе паднат, народот е цврсто решен да победи и да се ослободи од тригодишната  тортура

Јанушев од Берово: Заев и СДСМ жестоко ќе паднат, народот е цврсто решен да победи и да се ослободи од тригодишната  тортура

Три ипол години живееме во време на криминал, корупција, уцени, закани, тортура од страна на Заев и СДСМ кон сопствениот народ. Но, доста е! Сите заедно сплотени почнувајќи од овде од Берово ќе издвојуваме голема победа за Македонија. Победа за почеток на обновата на нашата држава, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев на вечерашната средба со беровчани.

-Ги слушам овие од СДСМ како продолжуваат бесрамно да лажат. Љупчо Николовски бега од мене и не сака да се соочиме на дуел. Па ја праќа Шехпаска и ја слушам како лаже. Нели ве убедуваше ви ветуваше дека ќе го отвори граничниот премин. Па пред некој ден се обидуваше да ја излаже целата македонска јавност дека таму се работело, или готово било и не знам што. Но, вие сите видовте дека тоа се само манипулации. Па како они вложиле во здравството. Не знам со кое лице не знам како можат да продолжат тоа да го зборуваат. Се фали како тие вработувале. Да. Ама кого? Само нивните золви, снаи и луѓе од нивните семејства. Сите ќе одговарате за криминалот кој го правевте. Или неуспехот на Николовски со зелената нафта. Преѓеска еден човек, земјоделец ми вели ми дадоа 971 денар за зелена нафта. Не ја зел, ми вели. Немам потреба тоа е потценување. Не можам да орам ни половина ден со таа нафта, вели земјоделецот. Затоа драги беровци тие ќе паднат. И тоа нивното можеме ќе биде минато свршено време и никогаш повеќе нема да го слушате, порача Јанушев.

Тој пред беровчани вети дека токму Христијан Мицкоски кој ќе биде премиер ќе ја сече црвената лента кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи граничниот премин Клепово.

-Се обврзуваме дека од првиот ден ќе започнеме да ја работиме документацијата за Коридорот 8а. На секој млад што ќе сака да се занимава со земјоделие, ќе му овозможиме 20 илјади евра неповратни средства за опрема и механизација. Затоа заедно сплотени, да излеземе на 15-ти јули, масовно референдумски и да си го вратиме достоинството , да бидеме горди македонци, заврши Јанушев.

Коронавирус