вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 134
home Вести

Јанушев: Нека ни е вечен денот на Македонската револуционерна борба!

Јанушев: Нека ни е вечен денот на Македонската револуционерна борба!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев по повод денешниот празник, Денот на македонската револуционерна борба сподели статус во кои упатува честитка до сите граѓани.

-Се поклонуваме на делото на шестмината македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО, како и на сите потомци и следбеници на Делчев, Груев, Карев, Гули, Александров, Брашнаров, Ченто, на сите знајни и незнајни херои кои го дале својот живот за слободата за Македонија.

Нека ни е вечен денот на Македонската револуционерна борба!, стои во неговиот пост на Фејсбук.