сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Заев избега од брзи избори во јануари

Јанушев: Не ВМРО-ДПМНЕ, туку Заев избега од брзи избори во јануари

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија  истакна дека секоја политичка партија која присуствуваше на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, си има различна страна од приказната.

-Секој сака да ја изнесе својата вистина, меѓутоа на крајот на денот има само една вистина, рече тој и додаде:

„Јас и јавно повикав да се објави вистината, односно да се објават стенографските белешки. Она што всушност се случуваше на средбата е тоа што господинот Христијан Мицковски му кажа на премиерот Зоран Заев дека е неминовно да има 100 дена техничка влада. Законот за влада е доволно јасен и прецизен и дека техничката влада мора да биде најмалку 100 дена. Роковите од 45, 60, и 90 дена помалце или повеќе се однесува на периодот во кој се распушта Собранието и слично. Така да, нема никаква коализија со Уставот. Затоа понудивме оваа недела, значи по лидерската, да се распушти парламентот броиме 100 дена, кога и да биде тој ден 12, 25 или било кој јануари, и нека се одржат изборите. По што Заев ретерираше и не го прифати тоа“.

Најнови вести

Коронавирус