среда, 21. август 2019. Вести денес: 79
home Вести

Јанушев: Наумоски ги излажа жителите на Ѓорче Петров- наместо зеленило, ќе никнат станбени згради среде парк

Јанушев: Наумоски ги излажа жителите на Ѓорче Петров- наместо зеленило, ќе никнат станбени згради среде парк

Неуспехот на владата предводена од СДСМ е видлива и на локално ниво, ова денеска го изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Имено вчера на седница на совет видовме како градоначалникот на еден брутален начин ги покри сите предизборни ветувања овде пред Ѓорчепетровци со што помина нова маркица за изградба на станбена зграда од некаде 14 и половина хектари и ќе се градат станбени објекти, кој е интересот на градоначалникот Наумоски, дали имаме тука заплеткани и лични интереси ќе оставиме времето да покаже. Но, исто така и ние како политичка партија ќе ги преземеме сите правни механизми за да го спречиме ова криминално работење што оди на штета на граѓаните, потенцира Јанушев.

Тој додава дека врз нивните тврдења убедени се дека ќе биде жена и дека ќе биде професорката Силјановска.