четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 14
home Вести

Јанушев: Нашата цел е реформа на целокупниот правосуден систем, Македонија мора да биде правна држава

Јанушев: Нашата цел е реформа на целокупниот правосуден систем, Македонија мора да биде правна држава

Наредниот период ќе излеземе со сетот на мерки за реформа на целокупниот правосуден систем. Нашата цел е нулта корупција и неселективна правда, односно апсолутно владеење на правото без разлика од која политичка партија сте и на која националност припаѓате. Значи буквално секој што се огрешил пред законот да одговара, вели Игор Јанушев во вечерашното гостување во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Јанушев посочи дека изминатиот период власта вршела политички притисок и политички прогон врз политички неистомисленици за дела кои што не постојат.

Имавме случај каде што до пред не цела година беа лишани од слобода член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на една од најголемите општински комитети во Аеродром и тоа се случи после големата победа на претседателските избори која што ја имавме во таа општина и еден целосен пресврт кој што се направи за нешто повеќе од година и после прес конференциите кои што ги одржа Димитар Димовски. И така истите беа приведени и беа држени 70 дена во притвор за непостоење на никакво дело. Ова е класичен политички притисок, прогон и селективна правда, рече тој.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за целосен ветинг, Јанушев истакна:

Да ние сме за целосен ветинг, но многу е важно кој ќе го спроведе тој ветинг. Уште една многу важна работа, потсетесе кои беа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ од кои што Заев и СДСМ избегаа како од ѓавол.

Во однос на изборната кампања Јанушев посочи дека ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го вети пред граѓаните се обврзува и да го исполни, за разлика од СДСМ каде што ветуваат се и сешто а не исполнуваат ништо, односно како тој рече тој СДСМ се синоним за неуспех.

Ние се обврзуваме пред граѓаните, тоа што ќе го ветиме ќе го исполниме. За разлика СДСМ се што ветува не исполнува, тие се класичен синоним за неуспех, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев.

Коронавирус