петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 168
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Јанушев: Народе македонски, да се сплотиме утре, да кажеме и покажеме чив е Гоце

Јанушев: Народе македонски, да се сплотиме утре, да кажеме и покажеме чив е Гоце

Народе македонски, да се сплотиме утре, да кажеме и покажеме чив е Гоце, да им ставиме до знаење на сите дека историјата не е играчка и пазар, дека со минатото не смее да се тргува, порача во фејсбук пост, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И, дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

Немаме друга татковина Учителе, немаме. Ние сме таа несреќна генерација која треба да се бори да докаже дека си најголемиот Македонец и дека си наш.

Наш си Учителе, ама пробаа да те продадат, да ти го поганат името, не те оставија да почиваш во мир.

Те растргнаа, пробуваат да те украдат, ама попусто. Историјата сведочи за твоето дело и твојата голема идеја – Македонија, пишува Јанушев во фејсбук постот.

Во објавата, Јанушев ги повика граѓаните да излезат утре на протест во 18 и 30 часот. Збирно место – Министерство за правда, преку Стоковна куќа “Мост” до Министерството за надворешни работи.

Затоа што: Сакаме Европска Македонија, но Европа со ваква мафијашка влада, е многу далеку од сите нас.

Затоа што: „Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива”.

Така велеше нашиот Гоце, не смееме тоа да го погазиме!

Вечен е Гоце! Вечна е Македонија!, пишува Јанушев.

Локални избори 2021