недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Направивте р’шум во државата, ќе одговарате сите до еден

Јанушев: Направивте р’шум во државата, ќе одговарате сите до еден

За аферата “Кеш” треба кривично да се одговара. Оваа афера го откри платеното обвинителство на Заев со кое тој ја корумпираше правдата, односно донесе неправда.

Дополнителните надоместоци, односно бонусите може (не мора) да бидат во износ не поголем од 35% од износот на платата.

Платата на Катица Јанева (согласно закон) е најмногу 10% пониска од платата на републичкиот јавниот обвинител, а на другите обвинители платата им е на ниво на јавните обвинители од организиран криминал. Значи, максималната плата на Катица Јанева морала да биде 90.000 денари, вклучително со сите надоместоци, а на останатите обвинители 76.000 денари.

Како спротивно на закон си земале плата од по неколку илјади евра, тоа никој не знае? Во медиумите и јавноста се шпекулира дека основната плата на Катица Јанева била околу 5-6.000 евра, а на останатите обвинители 3-4.000 евра. Па, и тоа им било малку и си исплаќале дополнителни средства кои се движат од 70.000 до речиси 400.000 евра!!!

И, внимавајте сега, зборуваме за буџетски средства, за исплати од буџетот на државата, преку Министерството за финансии, плаќања кои мора да поминат низ трезор, и никој, ама буквално никој не приметил, не се посомневал, не проверил документи дали е тоа законски??? Или можеби се било така добро организирано, “оркестрирано” за да си тече со години како подмачкано???

Е, овој е тој систем кој според криминално-рекетарската банда на Заев функционира беспрекорно! Ова е “правиот пат” по кој се движи Република Македонија!

И додека “нивниот систем” за грабеж на Република Македонија функционира “идеално”, додека нивниот “perpetuum mobile” за контрола на правосудтвото ја отвара државава како “пупка”, се случуваа Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, се уништуваа докази, форматираа компјутери, се губеа мобилни, да не ја заборавиме и поплавата во СЈО, Драги Рашковски си “тера” тендери за Македонска навигација и хеликоптерите, Филипче “р’шум” направи во здравството, сопственици на фирми кои пријавувале рекет биле жртви на најбрутална одмазда од страна на тие што треба да ги штитат … слободно дополнете се што не успеав да напишам.

Ќе одговарате, сите до еден што сте дел од криминалите на криминално-рекетарската банда!

 

Најнови вести

Коронавирус