недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Вести

Јанушев: Набавката на хеликоптерски услуги во која се вмешани Заев и Рашковски е крајно сомнителна, обвинителство итно да реагира

Јанушев: Набавката на хеликоптерски услуги во која се вмешани Заев и Рашковски е крајно сомнителна, обвинителство итно да реагира

Постојат сериозни сомнежи дека Зоран Заев и Драги Рашковски со склучување на договорот со САРХЕМС прават огромна штета на буџетот на Република Македонија изразена во десетина милиони евра. Затоа, бараме од ЈО итно да го истражи случајот и да поднесе соодветни кривични пријави, ова денеска преку свој статус на Фејсбук го истакна Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Рашковски дадоа 72 милиони евра на фирма без никакво искуство во областа, фирма која е формирана само 24 дена пред да биде распишан огласот. Целокупната постапка ја водеа сомнително. Почнувајќи од тендерската документација, која беше пресликана од физибилити студијата, до процесот на избор и склучување на договор, кој помина крајно нетранспарентно, иако станува збор за договор тежок 72 милиони евра. Трет ден Заев и Рашковски молчат откако го потпишаа договорот и не кажуваат кој ќе ги плати 72 милиони евра, дали директно буџетот или граѓаните преку покачени патарини и авионски услуги!? Што добиваат граѓаните од тие 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет, колку и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!?, прашува Јанушев.

Тој во својот статус додава дека набавката на хеликоптерски услуги е крајно сомнителна. Бараме ЈО да го расчисти случајот во најбрз можен рок. Доколку ЈО не реагира, треба да знае дека за сите незаконски дејствија ќе има одговорност по 12 април.