среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Вести

Јанушев на средба со културните работници: Јакнење на капацитетите на кадарот во институциите од областа на културата

Јанушев на средба со културните работници: Јакнење на капацитетите на кадарот во институциите од областа на културата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица 3 Игор Јанушев, денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски остварија средба со културните работници од Штип.

Јанушев, на својот фејсбук профил напиша дека на средбата се разговарала за проектите од областа на културата која што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да ги направи за да ја подобри оваа област.

„Како еден од најприоритетните мерки на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент е зачувување и унапредување на македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје,  промоција на културното наследство.

Јанушев потенцираше дека преку континуирани стручни усовршувања и обуки во делот на менаџментот на човечките ресурси, културниот менаџмент и маркетинг на кадровските структури, но и континуирани обуки за стручниот кадар во институциите од областа на заштитата на културното наследство ќе се јакнат капацитетите на кадарот во институциите од областа на културата“.

Коронавирус