среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 154
home Вести

Јанушев: На 30-ти септември граѓаните на Република Македонија знаат како да одлучат

Јанушев: На 30-ти септември граѓаните на Република Македонија знаат како да одлучат

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска оствари средба со граѓаните во Општина Ранковце.

-Се среќаваме со граѓаните и разговараме во однос на најактуелната тема тоа е договорот за промена на уставното име, промена на идентитетот, промена на јазикот на нас Македонците со граѓаните во овие општини, рече Јанушев.

Јанушев нагласи дека како партија веруваат во народот, на 30-ти септември граѓаните на Република Македонија знаат како да одлучат и пред се како да постапат на самиот ден на гласање.

По повод  христијанскиот празник Мала Богородица, генералниот секретар Јанушев ја посети Црквата „Св. Богородица“.

Најнови вести

Локални избори 2021