петок, 25. септември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Јанушев: Мицкоски го „пушти“ ВМРО на најјако!!!

Јанушев: Мицкоски го „пушти“ ВМРО на најјако!!!

Голема, огромна благодарност за целокупната организација за вчерашниот настан “ОБНОВАТА ДОАЃА! Да ги кажеме нашите ВРЕДНОСТИ и ВИЗИЈА!”

Извршниот и Централниот комитет, Секретаријатот, Униите на млади сили, жени и ветерани, Општинските и местните комитети – секој во својот дел покажавте дека знаеме, покажавте дека можеме, кога станува збор за Република Македонија нема нешто што не можеме да го постигнеме!

Но, поклон до земја, “капа доле” што би рекол нашиот мудар народ, пред и над се за сите Вас што ни давате поддршка, што ни давате сила … Вие кое не почестивте со Вашето присуство во салата “Јане Сандански”, но и сите Вие кои од објективни или субјективни причини не можевте да ни се придружите.

Борбата за Македонија, за подобра иднина … за Правда, Принципи, Промени … за Победа за Обнова на Македонија! Ова се нашите вредности, ова е патот за Република Македонија.

П.С. – Христијан Мицкоски го “пушти” ВМРО на најјако!!! Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Коронавирус