вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 134
home Вести

Јанушев: Луѓето го напуштаат Заев затоа што сите веќе се свесни за каков (не) човек станува збор, а коалицијата му е пред распаѓање

Јанушев: Луѓето го напуштаат Заев затоа што сите веќе се свесни за каков (не) човек станува збор, а коалицијата му е пред распаѓање

Заев открива огромно ниво на нервоза, како и огромна несигурност и нестабилност, дури и психотично однесување, а сето тоа како резултат на соочувањето со сопствениот неуспех, ова преку свој статус денеска го пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Пред некое време пишував за изразите на лицето (facial expressions), држењето на телото и гестикулациите (body language) на Зоран Заев, како дел од неговата невербалната комуникација и единствен заклучок до кој може да се дојде, особено по “мало сутра”, е дека Заев го има изгубено и тоа малку тло што го имаше под нозете и веќе длабоко е потонат во “сопствената жива кал”.

Заев открива огромно ниво на нервоза, како и огромна несигурност и нестабилност, дури и психотично однесување, а сето тоа како резултат на соочувањето со сопствениот неуспех.

Луѓето го напуштаат Заев затоа што сите веќе се свесни за каков (не) човек станува збор и невозможно е да се поддржува таков човек, коалицијата му е пред распаѓање, ДУИ и ЛДП веќе јавно се изјаснија, во следниот период ќе следуваат останатите, отсуството на реформи, носењето на Република Македонија во амбис и потврдата на истото од меѓународните фактори како Светската банка (Doing Business) за падот од 7 места, од 10 на 17 место во светот, катастрофалниот рејтинг … во една таква ситуација во која се наоѓа Заев, играњето со “ниски страсти” на граѓаните само дополнително ќе го “дозакопува”, потенцира Јанушев.