петок, 4. декември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Јанушев: Лагата во Македонија се вика Зоран Заев

Јанушев: Лагата во Македонија се вика Зоран Заев

Нема ден да нема нова лага од власта, но и нема ден старите лаги да не се распрснат како меур сапуница.

Се сеќавате на оние лаги од СДСМ, Заев и портпаролите што градат кариера со лаги, како и на нивните обиди да се дефокусира јавноста од криминалите на Заев, кога велеа дека “незаконски” се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека “спротивно на закон” се работело и што уште не?

Епа, демантот сигна од Државниот завод за ревизија. Во извештајот стои “активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај … во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики”.

Тоа значи дека СДСМ лажеше како и за се друго. Најлесно нешто што можат да го направат им е да излажат, како што сега ја кријат вистината и лажат за амнестијата во собрание преку законот за јавно обвинителство, која треба да му ја осигура судбината на Заев да не одговара за криминалите, за рекетираните пари, за митото.

Но, вистината како за ова така и за се друго ќе излезе на виделина.

Ако има доблест Заев, како што ја нема, ќе излезе и ќе се извини за секоја лага упатена кон ВМРО-ДПМНЕ и кон мене како генерален секретар на партијата. И да бидам искрен не го очекувам тоа, но барем нека се сокрие и повеќе нека не се бламира пред целокупната македонска јавност.

Лагата во Македонија се вика Зоран Заев, ова на својот Фејсбук профил го напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Коронавирус