петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: криминално-рекетарската банда на СДСМ вработува неспособни кадри

Јанушев: криминално-рекетарската банда на СДСМ вработува неспособни кадри

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку статус на својот Фејсбук профил пишува дека се сомнева дека неспособни кадри вработува криминално-рекетарската банда на СДСМ.

-Го слушаме пред некој ден директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, како јавно потврдува дека не се испочитувани законските процедури при изборот на вработените, односно вработените не поминале тест на полиграф, ниту тест за интегритет како што налага законот, и тоа затоа што полиграфот одземал време, а во земјава нема институција во која се прави тест за интегритет!!!

Димовски исто така признава дека спротивно на критериумите во АНБ биле вработени лица со тесни семејни врски, арно ама се ќе било ОК (како што би рекол Заев) затоа што “роднините” немало да се распределуваат во исти сектори!

Истовремено, за судија во Управниот суд се избира поранешниот претседател на ДИК – Александар Чичаковски (кадар на СДСМ) кој беше разрешен поради аферата со бонусите што си ги подели ДИК.

Неговиот избор се “оправдува” со тоа што Чичаковски покажал квалитети кога претседавал со ДИК и очекувањата се тој одговорно да ја извршува и новата функција.

Навистина се сомневам дека “неспособни” е можеби комплимент за криминално-рекетарскава банда на СДСМ.

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во неговиот пост на Фејсбук.