вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 66
home Вести

Јанушев: Комисијата за надзор на електронските комуникации веќе една година чека експерти да бидат ангажирани од страна на Собранието

Јанушев: Комисијата за надзор на електронските комуникации веќе една година чека експерти да бидат ангажирани од страна на Собранието

„Главниот проблем што ја спречува во целост работата на Комисијата за надзор за преслушување да кажеме, за надзор на електронските комуникации е тоа што еве веќе година ипол функционираме како Комисија која што се уште до денеска се соочува со низа на огромни проблеми. Првично ненавремено беа доставени односно ги добивме сертификатите за класифицирани документи. Така да неколку месеци се одложуваше работата на Комисијата. Понатака до ден денеска иако сите процедури од страна на Комисијата се завршени согласно Закон и се завршени, се уште ги немаме односно Собранието ги нема ангажирано техничките експерти“,истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Јанушев додаде дека тие како Комисија биле во надзор на повеќе институции кои што имаат надлежност да прислушуваат но де факто без експертите односно технички експерти кои што имаат право да влезат во системот и да видат дали се вршеле злоупотреби или не. Но надзорот се сведува на преглед на папирологија.

„Процедурата оди на тој начин што комисијата сама го распишува повикот, се пријавуваат експертите, се вршат интервјуа, се проверува значи се што е потребно. По завршување на целата таа постапка Комисијата односно јас како претседател го известуваме претседателот на Собранието кој што треба да склучи договори за да ги ангажира тие технички експерти во Собранието за потребите на Комисијата. За жал првиот дел од процедурата до селекцијата односно изборот е направен и е донесена одлука за избор од страна на Комисијата едногласно изгласано од сите членови на Комисијата која што патем доаѓаат од различни политички партии и еве веќе една година чекаме тие истите експерти да бидат ангажирани од страна на Собранието“, заклучи Јанушев.

Јанушев посочи дека обврската на Комисијата е завршена сега се чека на власта да ги направи следните чекори.

Коронавирус