недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев: Кога Николовски беше министер за земјоделство, вкупниот трговски биланс изнесуваше минус 250 милиони евра

Јанушев: Кога Николовски беше министер за земјоделство, вкупниот трговски биланс изнесуваше минус 250 милиони евра

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев упати жесоки критики за работата на екс министерот за земјоделие Љупчо Николовски кој според него го девастирал македонското земјоделие.

Во прилог на неговото тврдење тој укажа на податоците од Државниот завод за статистика според кои во 2016-та година кога фунцкијата министер ја превзема Николовски вкупниот трговски биланс на Македонија изнесува минус 187 милиони еврал, за во 2018-та кога тој заминува од позицијата истиот да е дуплиран и изнесува минус 250 милиони евра.

-Би сакал ова да го покажам, извор е Државниот завод за статистика, во 2016-та година кога Николовски ја превзема функцијата министер за земјоделие имаше вкупен трговски биланс од минус 187 милиони евра. 2018-та година кога ја напушти фунцкијата истиот е дуплиран на 250 милиони евра, тоа е неговиот „успех“, вели Јанушев.

Кај Николовски видна беше нервозата за време на дебатата, па истата ја прокоментира Јанушев и посочи дека е разбирливо бидејќи СДСМ е во паника соочено со пораз на 12 април.

-Јас ги разбирам во паника се, знаат дека губат, Николовски е видно нервозен, не може да се контролира да не се уфрли во збор и тоа е нормално, вели тој.

Коронавирус