понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев: Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако се уште има карантин, полициски часови

Јанушев: Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако се уште има карантин, полициски часови

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев при своето вклучување во ТВ Стар посочи дека не се нормални условите за брзи избори, а тоа треба СДСМ и Заев да го разберат, дека животот на луѓето е пред се и над се.

„Јас сум носител на изборна единица 3, каде што живеете и вие во Штип. Како јас ќе се обидам да дојдам до вас, да се претставам кој сум и што сум, да ви претставам која е мојата изборна програма, за што се залагам јас, ако не можам да остварам средба со вас“, истакна Јанушев.

Јанушев запраша врз основа на што граѓаните ќе се решат за кого ќе гласаат. Како граѓаните ќе се решат воопшто да излезат на избори ако се уште има карантин, полициски часови слично.

„Да не заборавиме и дека пред неполни 2-3 недели излезе една анкета каде што над 50% од граѓаните во Република Македонија не се избори за сега, туку се за избори некаде при крај на летото. Само 20% наспроти тоа значи повеќе од дупло помалку поддржуваат избори сега. И сега ние треба да одиме спротивно на она што го гледаме во однос на бројот на заразени и починати, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија, спротивно на она што цел свет експертите го кажуваат. Зошто? За да ја исполниме желбата на Заев и СДСМ за да загуби со помала разлика, и да се надева на некое ново чудо“, нагласи Јанушев.

Коронавирус