петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 138
home Вести

Јанушев: Jавно го прашуваме Заев што значи она „М“ во неговата изјава, дали се срами да го каже името Република Македонија

Јанушев: Jавно го прашуваме Заев што значи она „М“ во неговата изјава, дали се срами да го каже името Република Македонија

Нашиот став го имаме многу пати кажано во минатиот период, ние сме против капитулантсткиот договор со кој се врши распродажба на националните македонските интереси. Најголемата потврда на она што го зборуваме се случи пред некој ден со изјавата на премиерот Заев за грчка телевизија каде самиот кажува дека со овој договор единствено се бранат грчките интереси, истакна генералниот сектетар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев пред почетокот на протестниот марш во Струмица, за вестите на МРТ.

-Исто така во неколку случаеви слушнавме како тој воопштво не ја ословува нашата дрежава со уставното име, со името кое го имаме јавно го прашуваме што значи она „М“ во неговата изјава. Дали се срами да го каже името на нашата држава? Дали се срами јавно да го каже името Република Македонија? Оттука е и се она што грчките политичари го кажуваат, дека не постои македонска нација, не постои македонски народ и гледаме дека нема реакција од нашето Министерство за надворешни работи, ниту од друг релевантен орган. Во исто време кога на премиерот му се „испушти“ она за „македонска армија“. Видовме дека веднаш имаше реакција од грчката страна. Доволно јасно е и нема човек кој во Република Македонија не сфаќа колку е штетно ова за македонските граѓани, нагласува Јанушев.

По однос на ставот на партијата во врска со референдумот кој треба да се одржи за прашањето за името, Јанушев вели дека токму Заев и владејчката партија се оние кои манипулираат по ова прашање.

-Тие се уште не кажале дали ќе има референдум, доколку го има кога ќе биде тоа, се манипулира со неколку можни датуми без притоа да се каже форматот на референдумот. Имаме најмалку три различни тези по однос на хопотетичките прашања кои би се поставиле доколку би имало референдум. Она што ВМРО-ДПМНЕ го има како став е дека против овој штетен и капитулантски договор и нашите ставови по однос на реферндумот се движат во истата таа насока. Конкретно како ќе постапиме како партија, ќе почекаме власта, бидејќи кај неа се сите механизми, да кажат дали  дефинитивно ќе има референдум, кое би било референдумското прашање, каков би бил обликот и датумот за негово одржување, по што ќе го кажеме нашиот став, нагласува Јанушев.

По однос на ДИК, тој вели дека роковите се истечени, и потребно е да започне нова постапка.

Локални избори 2021