недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев ја повика Фросина Ременски да соопшти во јавноста кон кого се заканува со класифицираните материјали

Јанушев ја повика Фросина Ременски да соопшти во јавноста кон кого се заканува со класифицираните материјали

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на Алфа телевизија ја повика Фросина Ременски јавно да сооопшти во јавноста дали со класифицираните документи пронајдени во нејзиниот дом се заканува кон ВМРО-ДПМНЕ и да каже дали тие упатуваат на нешто незаконско кој било кој го направил.

-Дали некого ќе го боли главата тоа најверојатно допрва ќе се докаже. Ако мисли госпоѓата Ременски дека се заканува на нас, мислам дека се лаже. Доколку има нешто што било кого инкриминира или упатува на нешто незаконско, слободно ја повикувам тоа да го соопшти во јавноста и да го прикаже.

Она што треба да го знае македонската јавност, според Јанушев, е дека пронајдените списи и документи во домот на Фросина Ременски се класифицирани информации кои не може да се чуваат дома и дека тој што ги изнел да ги чува дома треба да одговара.

-Колку што имаме информации од медиумите е дека податоците, односно документите и списите кои што се пронајдени се однесуваат исклучиво на два битни случаеви, коишто и те како предизвикаа поместување, не само на политичката сцена туку и во еден дел ги изострија и меѓуетничките односи. Тоа се случаите Диво Насиље и Монструм, рече Јанушев.

Јанушев рече дека се надева еден ден работите да станат појасни бидејќи со дел од тие случаи, според него, СДСМ и Заев имаа обиди да ја прикажат ВМРО-ДПМНЕ како шовинистичка партија, но тој се надева на испливување на вистината на површина.