петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 71
home Вести

Јанушев: Излез и решение од ситуацијава не гледам, освен власта да ја пратиме во историја

Јанушев: Излез и решение од ситуацијава не гледам, освен власта да ја пратиме во историја

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на гостувањето во емисијата „Јади бурек“ што се емитува на телевизија Сонце, рече дека ситуацијата во Македонија никогаш не била полоша.

„Не гледам што можеме да направиме ние, сепак сме опозиција. Ние сме во Собрание и сакаме да помогнеме да се изгласа нешто, да се донесат закони за реформи, за кризата, за НАТО и за ЕУ, но ако некој очекува дека ќе бидеме на копче нема да дозволиме“, рече Јанушев.

Според него сите гледаат дека вака слаба влада и понеспособна влада немало.

„Нема едно поле, било што каде да кажат каде што имало успех. Или да се пофалат со едно нешто, да еден да излезе и да ми каже една позитивна работа на било кое ниво, локално или централно, од било кој функционер“, кажа Јанушев.

Јанушев истакна дека НАТО не е заслуга на оваа влада, туку на влади и генерации кои работеле претходно за да влезе Македонија во Алијансата.

Во целата ситуација сега со корона пандемија има се повеќе невработени, народот страда.

„Не гледам решение освен власта да ја пратиме во историјата“, рече Јанушев.

ЕУРО 2020

Македонија