сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 17
home Вести

Јанушев: Избирачкиот список е најмал проблем, проблем е што најголемата опозициска партија влегува во изборен период со замрзнат имот

Јанушев: Избирачкиот список е најмал проблем, проблем е што најголемата опозициска партија влегува во изборен период со замрзнат имот

Во дневникот на 1тв шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека и за овие избори избирачкиот список е ист како и во претходните изборни циклуси, но сега СДСМ немаат забелешки за истиот бидејќи овој пат се на власт.

-Најмал проблем е избирачкиот список, многу поголем проблем е што најголемата опозициска партија во државата влегува во изборен период со замрзнат имот, поголем проблем е тоа што имаме еден од лидерите на политичките партии во опозицијата којшто е во домашен притвор, имаме исто така многу побитен проблем што секојдневно се распишуваат огласи за вработување кои влијаат на изборите и е еден вид на политички поткуп во очи на изборите. Исто така имаме проблем со драконските казни од повеќе од два века, додека убијците од Смилковско езеро шетаат слободно. Искрено веруваме во она што го зборуваме, искрено веруваме во онаа правда и градење на правна држава за Македонија којашто конечно тоа можеме да го направиме со Гордана Сиљановска Давкова како победник на овие избори.

Јанушев меѓу другото истакна и дека за ВМРО-ДПМНЕ била и ќе Република Македонија, а во однос на темите за кампањата за Претседател ќе се држат до уставните и законските надлежности на Претседателот на државата. Тој рече дека главниот фокус на претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе биде проактивноста на Претседателот на државата во однос на надлежностите на Собранието и доставување на иницијативи до Законодавниот дом, надлежности во однос на економијата, економските промотори, екологијата, и сето она што ги тишти граѓаните.

-Македонија како држава се наоѓа во една ситуација полоша од било кога во историјата, заклучи шефот на РИШ на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Коронавирус