недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Јанушев: Иванов како и досега, треба да продолжи да постапува врз основа на Уставот и законите

Јанушев: Иванов како и досега, треба да продолжи да постапува врз основа на Уставот и законите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција истакна дека претседателот Ѓорге Иванов како и досега, така и сега треба да продолжи да постапува во согласност и врз основа на законите и Уставот.

-ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати побара од владејачкото мнозинство законот да биде повлечен од процедура, да се отвори дебата, да се вклучат претставници од кабинетот на претседателот Иванов. Учество да земат претставници од сите релевантни политички чинители во Република Македонија и секако да се вклучи експертската јавност. Истовремено претседателот Иванов укажа на многу неуставности, односно неуставноста на самиот закон и ништо од тоа не беше испочитувано. Само да ве потсетам дека претседателот Иванов, е избран на непосредни избори, чиј број на гласови кој што го доби на изборите е поголем од оној што го добија владејачката коалиција заедно, СДСМ и ДУИ. Претседателот Иванов постапувал во согласност и врз основа на Уставот и законите и сметаме дека исто така треба да продолжи да го прави тоа, само врз основа на Уставот и законите, вели Јанушев.

Коронавирус