понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Вести

Јанушев: Имаме историски најлоша година, сменија се што е Македонско

Јанушев: Имаме историски најлоша година, сменија се што е Македонско

После “блескаме” на Зоран Заев, сега ја слушаме и Радмила Шеќеринска дека “зад нив имале успешна година”.

Па како да немаат успешна година тие неколкумина од криминално-рекетарскиот октопод после година која изобилува со криминал, корупција и рекетирање?!

По што го мерат успехот, по искинатите униформи на Македонските војници или по сменетото име на Армијата на Република Македонија? Ако тоа за нив е успех, тогаш овие луѓе не знаат што е неуспех. Напиша на својот Фејсбук профил, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.