четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Вести

Јанушев: И во првиот дел од кампањата имаше одредени девијантни појави на власта меѓутоа тие ескалираа во вториот изборен круг

Јанушев: И во првиот дел од кампањата имаше одредени девијантни појави на власта меѓутоа тие ескалираа во вториот изборен круг

Можноста да се гласа на фер и демократски и слободни избори  е сатисфакција за секој граѓанин, штотуку го остварив своето гласачко право. Апелирам до надлежните, апелирам до власта да имаме фер, демократски и слободен изборен ден, во кој што подобриот кандидат, а согласно моето мислење тоа е професорката Сиљановска дека ќе излезе како победник на овие избори.

Ова го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, при денешното остварување на своето право на глас.

На новинарско прашање, да го оцени текот на кампањата, тој одговара:

-И во првиот дел од кампањата имаше одредени девијантни појави на власта меѓутоа тие ескалираа во вториот изборен круг, особено последните неколку дена. Видовме како власта се разработи последниве неколку денови, имавме асфалтирање на улици, канализации, и останато што со години ги тиштат граѓаните. Од друга страна имаше многу закани и уцени, многу разместувања низ државната и јавната администрација, граѓаните беа преместувани на други работни позиции со цел да се укаже на позицијата на власта и како таа може да се злоупотреби. Исто така има на многу места информации се разбира се уште неофицијални за поткуп на гласачи, всушност видовме и неколку изјави од самиот Заев, како повикува на поткуп односно како се заканува. Истото и се случување и во изборниот молк каде што голем број на летоци беа дистрибуирани од активисти на СДСМ, сето тоа е за осуда. Но исто така да ги потсетиме дека за многу брзо работите во Република Македонија се менуваат и дека секој кој што го прекршил изборниот законик меѓутоа и било кој друг закон ќе одговара, и ќе се најде пред лицето на правдата. Апелираме, инсистираме, бараме како од страна на власта така и од страна на оние набљудувачи кои се дојдени од странство да имаме денеска мирен, слободен изборен ден, каде што граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја, притоа повеќе од јасно е како граѓаните ја ценат ситуацијата и на кого ќе ја дадат довербата, рече тој.