недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 59
home Вести

Јанушев: И покрај тоа што слуги на Заев се обидуваат да и наштетат на партијата, ВМРО-ДПМНЕ е силно и моќно како и секогаш

Јанушев: И покрај тоа што слуги на Заев се обидуваат да и наштетат на партијата, ВМРО-ДПМНЕ е силно и моќно како и секогаш

-Сме имале многу примери во минатото каде што од различни мотиви одредени структури и луѓе и поединци се обидувале да наштетат на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ВМРО-ДПМНЕ е толку големо толку моќно и толку силно што никогаш не успеал да наштети, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор јанушев во емисијата „360 степени” на Алсат телевизија.

На прашање има ли индикации дека може да се изроди нов политички субјект во пресрет на овие парламентарни избори, тој посочи дека секогаш ќе може да се најде некој слуга на Заев кој што од одредени мотиви веројатно би се нафатил и обиде да наштети на ВМРО-ДПМНЕ.

-Меѓутоа, ние апсолутно сме убедени во тоа кој сме што сме и што преставуваме, така да воопшто не обрнуваме внимание, рече Јанушев.

Коронавирус