вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 149
home Вести

Јанушев и Николов: Секој живот вреди, придржувајте се до препораките на епидемиолозите

Јанушев и Николов: Секој живот вреди, придржувајте се до препораките на епидемиолозите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и членот на ИК на партијата Игор Николов во своите видео обраќања им посочуваат на граѓаните да ги почитуваат препораките на епидемиолозите, и со тоа да го заштитат своето и здравјето на своите блиски.

-Во моментите кога пандемијата со Корона вирусот се шири низ нашата држава мора одговорно и совесно да се однесуваме спрема своето здравје, а така ќе се однесуваме одговорно и спрема здравјето на своите блиски, но и кон самото општество. Препораките се дека најдобриот начин за справување со вирусот е одбегнување на чести контакти со други луѓе, односно самоизолација. На овој начин, освен што го штитиме своето и здравјето на нашите најблиски, го спречуваме и шокот врз здравствениот систем од преголем број на пациенти на кои им е потребна нега и третман одеднаш. Од секој од нас зависи. Придржувајте се до препораките на епидемиолозите, ако морате да излезете – маска на лице, ракавици на раце и најважно, одговорно и мудро, затоа што секој живот вреди, вели Јанушев.

Николов како доктор, посочува дека во овие моменти потребна е дисциплина во однесувањето и придржување до препораките на здравствените организации и здравствените лица.

-Јас и моите колеги на дневна основа даваме максимумот во превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Тоа го прават и другите луѓе од службите кои се на терен и ги обезбедуваат спроведувањето на пропишаните мерки и протоколи. Хигиената е многу важна, исто како и внимателноста во начинот на комуникација со другите луѓе и со блиските. Помогнете ни, за да можеме да помагаме на сите, заради тоа што секој живот вреди! Останете дома, останете безбедни, ќе го пребродиме ова како нација, солидарни и сплотен, нагласува Николов.

Коронавирус