понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 124
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев го поздрави СДСМ со маица Гоце Делчев и нагласи дека е и ќе остане Македонец кој го дал животот за Македонија

Јанушев го поздрави СДСМ со маица Гоце Делчев и нагласи дека е и ќе остане Македонец кој го дал животот за Македонија

Вечерва генереланиот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев имаше вклучување во ТВ Стар каде што го поздрави СДСМ со маицата со Гоце Делчев и нагласи дека Гоце Делчев е Македонец, кој што го дал животот за Македонија.

„Граѓаните на Република Македонија мислам дека ќе ме разберат и ќе знаат што всушност порачувам. Заев ги има политичарите од типот на Каракачанов кој што го изјавуваат тоа што го изјавуваат, и му даваат поддршка. Јас нема да го коментирам тоа, само ќе пратам една порака до граѓаните на Република Македонија дека ги поздравувам со маицата на Гоце Делчев“, истакна Јанушев покажувајќи ја мајцата на Гоце Делчев.

Јанушев дури посочи дека за него Гоце Делчев е секогаш Македонец, еден од најважните ликови во историјата, ако не и најважниот во Република Македонија. Човекот кој што го дал животот за да денеска ние имаме своја држава.

„Воопшто не ме интересира кој ќе излезе, од која позиција ќе излезе и ќе каже било што друго. Гоце Делчев за мене е Македонец кој зборувал македонски јазик исто како и јас, исто како вие, исто како и граѓаните на Република Македонија“, нагласи Јанушев.

Коронавирус