недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев: Ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ со кои што ќе издвојуваме победа на 12-ти април

Јанушев: Ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ со кои што ќе издвојуваме победа на 12-ти април

Само што ги поднесовме кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ, победничките кандидатски листи кои што на изборите на 12-ти април ќе издвојуваат една огромна, убедлива, историска победа за обнова на Македонија, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова практично го завршуваме овој дел од да кажеме пред кампањата, не очекуваат неколку дена каде што ќе ги поминеме пред се во однос на барање на алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните притоа секако почитувајќи ги препораките и мерките пред се на Светската Здравствена Организација со оглед на моменталната ситуација во однос на корона вирусот.

На прашањето дали ќе ја водат кампањата преку социјалните медиуми и електронските медиуми или преку собири со граѓани, Јанушев одговори: Па како што кажав, бараме алтернативни начини како да останеме во непосреден контакт со граѓаните а притоа нели нормално на прво место ни е здравјето и животот на граѓаните на Република Македонија и се ќе оди во таа насока како ќе се одвива кампањата. Досегашните мерки и забрани кои што ги имаме во однос на собирите до 24, тоа е всушност и вториот дел, официјалниот дел на кампањата. Ќе гледаме како ќе се одвива целата ситуација во поглед на тоа ќе одлучиме како понатаму. Во следните неколку дена ќе соопштиме и конкретно што планираме да направиме и секако уште еднаш ќе потенцирам дека целокупните капацитети на партијата, целокупните капацитети на луѓето во партијата ги ставаме на располагање со се што можеме да помогнеме за полесно да се справиме со ова што се случува во државата.

Коронавирус