среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Јанушев: Филипче и Дончев ќе останат запаметени по криминал и корупција

Јанушев: Филипче и Дончев ќе останат запаметени по криминал и корупција

Човекот кој можеби живее со куферот во рака и е подготвен во секој миг за бегство, денеска повторно, така наизглед “наивно”, објави дека поднесе оставка на местото директор на Фондот за здравствено осигурање. И, со оглед на тоа што веројатно добро се “осигурал”, не не чуди бегството, како што велат неговите пријатели од влада – кога бродот тоне глувците први бегаат.

Но, што е она што ќе остави траг на човекот кој успешно бега од одговорност сите овие години?!
Избега во Австралија кога беше секретар на Груевски, избегна одговорност и како Генерален директор на Телеком (како прв човек во Телеком ја направи приватизацијата во Телеком во март 2001 година) за повторно да избега и да се врати во Австралија, како и кога ФЗО изгуби жалба за трагичниот настан со починатата млада девојка.

Очигледно е дека Ден Дончев е единствениот “печалбар” во обратна насока, дојден од Австралија во Македонија. Најверојатно му се погоди првата “печалба”, па реши повторно да се врати во Македонија. Да не заборавиме за скандалот со актуелниот министер за здравство каде што се поврзуваат за злоупотреба на службена положба и овластување (член 353 од Кривичниот законик), поточно обид да стопираат (преку рекет) влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра! Подносителот на кривичната пријавата наведува дека лицето Ден Дончев е организатор на кривичното дело, како и Филипче, како негов помагач!

Заев, Филипче и Дончев ќе останат запаметени само по корупција и криминал, и, за жал, по буквално ниту еден проект во здравството. Се што фатија Заев, Филипче и Дончев уништија. Пропадна тендерот за биохемиски лаборатории, стерилизацијата на инструменти и опрема што се користат во хируршките сали ќе биде менаџирана од компанија за која се води судски спор во Албанија и во Италија, сведоци сме на фиктивно јавно-приватно партнерство за детска кардиохирургија.

Дисфункционалноста на здравствениот систем и неизвесноста која ја имаат пациентите креира нервоза заради која медицинскиот персонал секојдневно е под вербални и физички закани, листите за чекање на оперативен зафат или други медицински интервенции немаат крај, нема ништо од новиот клинички центар. Лага е дека за специјалистите ќе има плата од 100 илјади денари.

И сега кога бродот буквално се распаѓа, секој гледа да го најде излезот, а на Ден Дончев тоа и те како му е познато!

Пред владеење на правото треба да постои независно судство каде што секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара, а тие денови доаѓаат во Македонија!

Следи обнова на Македонија, право и правда за секој еден граѓанин!

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

ЕУРО 2020

Македонија