петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Јанушев: Државата ни се празни, луѓето подобар живот бараат во други држави

Јанушев: Државата ни се празни, луѓето подобар живот бараат во други држави

Најмногу се жалат како и секаде каде што одиме со кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“ особено во  источниот дел од Република Македонија во однос на иселувањето, особено иселувањето на младите, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Меѓутоа и она што е забележливо особено последните 2-3 години е дека се иселуваат и буквално цели семејства без разлика на возраста, едноставно луѓето си бараат подобар живот, нешто што во Република Македонија со оваа криминално-рекетарска власт го немаме. Но, исто така овде во Македонска Каменица луѓето зборуваат и за реалните проблеми односно ветувањата и манипулациите кои што ги прават не само од централната, така и од локалната власт бидејќи буквално ништо не е реализирано, ниту патот до рудникот  „Саса“ е направен како што ветуваа, ниту е отпочнато со работа индустриската зона што и те како ќе дадеше една инекција за целиот овој регион во однос на вработувањата и на тоа да луѓето ги мотивираме да останат во нашата држава, истакна Јанушев.

Меѓутоа не е ништо направено и во однос на санација на градинките, училиштата и се она што го имаа како дел од изборната  програма, додава тој.

Коронавирус