четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Вести

Јанушев: Доаѓа крајот на корупцијата и криминалот во државата, следува Обнова на Македонија

Јанушев: Доаѓа крајот на корупцијата и криминалот во државата, следува Обнова на Македонија

На денешниот собир во општина Ранковце се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на Изборната единица 3, Игор Јанушев.

Јанушев истакна дека за СДСМ поразот започна уште пред да започне кампањата, бидејќи не постои човек во Република Македонија кој не ја приметува нивната нервоза, безидејност и очај.

-СДСМ ќе се соочи со најголемиот пораз во нивната историја, а победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне од Ранковце и од Изборната единица број 3. Македонскиот народ три години сведочи на безброј лаги, манипулации, криминал, корупција и уцени. Впрочем, тоа е се што СДСМ остави за народот во овие три години. Граѓаните увидоа каков човек ја водел државата три години, односно дека главата на корупцијата и рекетот во државата е Зоран Заев. Република Македонија ја опфати тежок вирус, вирус на корупција и криминал. Тој вирус има име, вирусот е Зоран Заев. Криминалната гранка во СДСМ е распространета на многу страни. Една од нив е Радмила Шекеринска која тврдеше дека Бојан Јовановски – Боки 13 го познава само од телевизија. Пред два дена, истата таа Шекеринска, потврди дека се сретнала со Боки 13 во неговиот дом. Проектите оставени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, проекти кои СДСМ можеше да ги реализира, криминалната банда на Заев ги искористи само за полнење на сопствениот џеб. На 15-ти јули Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и секој кој се огрешил пред законот правејќи криминал, ќе одговара, вели Јанушев.

Тој вели дека слоганот на СДСМ кој гласи “Можеме” веќе не важи. Тие можеа и ништо не направија, а за тоа ќе следи казна од македонскиот народ.

-Можеа да не крадат, да не лажат, да не го крадат секој тендер кој го распишаа, можеа да не нарачуваат палење на автомобили и уште многу други работи, но правеа спротивно на тоа. Јанушев истакна дека за три дена од денеска, народот ќе ги испрати СДСМ и Заев на темната страна на историјата сите погубни политичари со сите погубни политики. СДСМ е криминална партија и токму поради тоа една година наназад не сакаат да се усвои закон со кој ќе се утврди потеклото на имотот на политичарите. Тоа докажува за нивната криминогеност. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и ветува проверка на потеклото на имотот на сите политичари во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма нуди 20% зголемување на пензиите, 25% зголемување на платите, намалување на невработеноста под 10%, 640 милиони евра за земјоделците, 0% данок за младите вработени до 29 години и уште многу проекти кои ги има во Проектот – Обнова. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи макотрпно за да го врати достоинството на народот на Република Македонија. Се обврзуваме да работиме чесно и посветено за секој еден граѓанин на Република Македонија. Секој да ги почувствува бенефитите и придобивките од проектите од изборната програма. Јанушев додаде дека македонскиот народ може да ги врати насмевките на лицата, бидејќи следуваат најубавите години во Република Македонија. Следува време на промени, на работа, на обнова. Рамо до рамо сите заедно сплотени, на 15-ти јули македонскиот народ ќе го заокружи бројот 14 и ќе одбере Обнова на Македонија! Да е вечно ВМРО, да е вечна Македонија!, потенцираше Јанушев.

Коронавирус