сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Јанушев до СДСМ: Нема да ви помогнат патковите со криминалните подземја, ниту рекетираните пари кои ги спремате за поткуп, само ќе продолжете да тонете

Јанушев до СДСМ: Нема да ви помогнат патковите со криминалните подземја, ниту рекетираните пари кои ги спремате за поткуп, само ќе продолжете да тонете

Падот на оваа власт е извесен и очекуван. И тој пораз на оние кои ни носат само порази мора да биде голем и убедлив, за да имаме сила да ги смениме работите. И нема да ви поминат сите лаги кои ги посипувате и со кој ја напаѓате вистината, нема лага која не ви ја демантираше времето, да ги редам ли??? … дека ќе добиеме датум за преговори, дека нема да има предвремени избори, дека ќе го отворите судството како пупка…

-И сакам однапред да им кажам на оние од другиот табор дека ова не е времето како од 2016-та или 2017-та година, и дека сите црни пари собрани од рекети за овие избори нема да ви помогнат, ниту пак оние пактови со криминални подземја ќе ви  извлечат гласови. Нема да ви помогнат ниту оние претходно проверени и увежбани шеми на рекордни гласања, ниту пак оние параполициски сили кои влегуваа во предизборните молкови и договараа гласови, а нема да поминат бидејќи народот е свесен и неговата волја нема да ја украдете. Иако знам дека сето тоа го планирате, однапред да ви кажам нема да ви успее. Со ваква ваша активност само ќе продолжите да тонете … со таа разлика што овој пат нема да не повлечете со вас!, стои во неговото отворено писмо до СДСМ.

Коронавирус