петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 106
home Вести

Јанушев до СДСМ: Не ви се плашиме, апсете, тоа нема да го смени фактот дека сте криминалци збогатени на грбот на народот и дека ќе паднете

Јанушев до СДСМ: Не ви се плашиме, апсете, тоа нема да го смени фактот дека сте криминалци збогатени на грбот на народот и дека ќе паднете

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека власт најавува апсење на лидерот на опозицијата, што го покажува нивниот страв.

-Колку многу криминално-рекетарската власт е во паника покажуваат нивните “ишерети”, најави и пораки дека ќе го апселе лидерот на опозицијата за поседување на документи и записници од Рекет.
Сето тоа дополнето преку владините мегафони, колку страшно кривично дело било тоа.
А, да не зборуваме за листот, туку да зборуваме за шумата која гори?

Ајде да зборуваме за лицата од власта кои се во записниците и се вклучени во Рекет. Зошто толку им е страв и колената им се тресат од Рекет 2, Рекет 3 и Рекет 4? Затоа ли Заев се бореше да има контрола во ЈО?

И, да, не ви се плашиме, апсете, тоа нема да го смени фактот дека сте криминалци збогатени на грбот на народот и дека ќе паднете.

За на крај, вредно да се констатира, учесник на лидерската средба посведочи дека Заев најавил дека Катица Јанева ќе одела во домашен притвор. Вредно е јавноста да се позанимава од каде еден премиер знае каква одлука ќе донесе судот за притворот на Катица осомничена за Рекет од 8 милиони евра?, прашува Јанушев.