вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 39
home Вести

Јанушев до Ременски: Донесовте само закон со кој ја зголемивте акцизата на горивата и граѓаните денеска плаќаат повеќе поради вас

Јанушев до Ременски: Донесовте само закон со кој ја зголемивте акцизата на горивата и граѓаните денеска плаќаат повеќе поради вас

Државата позаробена ниту била, ниту ќе биде со сето ова што се случува сега, истакна Игор Јанушев,  генерален секретар и член на извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, кој гостуваше во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.

-Да не беше ВМРО-ДПМНЕ немаше да бидат донесени ниту тие два реформски закони и благодарение на нас се донесени, тие се единствените два реформски закони. Вие само донесовте закон со кој ја зголемивте акцизата на горивата и граѓаните денеска плаќаат поскапо гориво поради вас. Да не беше ВМРО-ДПМНЕ во моментов немаше да имате ниту 2 реформски закони. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ се донесоа. Ете толку е едноставно и треба да бидете искрени и доблесни да го признаете тоа пред македонската јавност, рече Јанушев обраќајки се на пратеничката на СДСМ Фросина Ременски.

Според Јанушев оваа влада сериозно бара алиби за сите неуспеси кои кои ги имаат и смета дека македонската јавност е доволно свесна за тоа.

-Недостасува подобрување на реалниот живот на граѓаните, недостасува 600 километри автопат кој што е ветен, недосатсува 30 илјади просечна плата, недостасува 100 илјади денари плата за докторите, недостасуваат реформи во правосудството…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за спорот со името.

-Точно е дека немаме никаква информација за тоа што се случува во однос на спорот со името. Нашите ставови се јасни, нашите партиски ставови се повторени безброј пати во јавноста и тие остануваат непроменети и нема да направиме компромис во однос на истото… Ние се викаме Република Македонија и точка, крај.

Коронавирус