понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Јанушев до Рашковски: Не планирам да се извинам, уште помалку да ги повлечам изјавите- со вистината не правам компромис, за нејзе ќе се борам до крај

Јанушев до Рашковски: Не планирам да се извинам, уште помалку да ги повлечам изјавите- со вистината не правам компромис, за нејзе ќе се борам до крај

Вчера добив (внимавајте) не едно, четири барања за извинување и јавно повлекување на изјави во врска со постапката за SAR & HEMS (хеликоптерите) од страна на генералниот секретар на владата – Драги Рашковски!, информира генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Рашковски бара извинување затоа што смета дека сум изнел навреди и клевети кон неговата личност и сум го понижил и повредил неговите чест и углед, а преку него и на неговото семејство!!! Рашкоски сака извинување, зошто така мисли дека ќе е помалку виновен, мисли дека ако она нивно труло судство ме осуди ќе даде одговор на дилемите и прашањата за скандалот кој го прави. Сака јавно извинување зошто мисли дека тоа е инструментот да ме заплаши, да ми се закани, обесхрабри, но ќе ви кажам го погрешивте човекот на кого се заканувате, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Еве, вака јавно да го известам Рашковски дека ниту планирам да му се извинам, уште помалку да ги повлечам изјавите. Со вистината не правам компромис, и за нејзе ќе се борам до крајот. И едно извини вам не ви ја прави помалку незаконска зделката. Дотолку повеќе, јавно ќе го повикам Рашковски да се извини на целата Македонска јавност, на сите граѓани на Република Македонија затоа што е неспособен и несоодветен да ја извршува функцијата на која е поставен од водачот на криминално-рекетарската банда – Заев, да се извини за навредите кон интелегенцијата и потценувањето кон граѓаните, па Рашковски, дали ќе излезете, дали ќe соберете храброст да го направите тоа? Уцени, закани, притисоци – не поминува!!“.

Коронавирус