вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 118
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Јанушев до Николовски: Не раскажувај бајки, кажи ја вистината и не ги лажи граѓаните

Јанушев до Николовски: Не раскажувај бајки, кажи ја вистината и не ги лажи граѓаните

Почитуван Николовски,

Има толку многу работи да се кажат за вашето владеење што човек просто не знае од каде да почне. Македонскиот народ ви се восхитува на тоа колку си верувате на сопствените лаги, секоја ви чест.

Да ве потсетам бидејќи очигледно сте заборавиле дека според Transparency International сте прогласени за хибриден режим. За која демократија зборувате вие и со кое право? Ако порано сте шепотеле, сега треба да се криете!

За економијата зборувате како да живееме во Швајцарија, како да увезуваме работна сила, а реалноста е тажна. Иселувањето на младите никогаш не било по масовно затоа што тука нема перспектива, ја убивате и онаа малку надеж што граѓаните ја имаа. За каков раст на БДП зборувате вие? Кажете нешто за буџетската дупка која никој не знае колку е длабока. Заев и Нина Ангеловска уште не можат да се договорат во колкава економска дупка ни е државата.

Кажете колку луѓе останаа без работа во економската криза што ја предизвика Корона вирусот? Како им помогнавте на луѓето што имаат приватни бизниси? Слушнавте еден да е задоволен?

Или сакате да зборуваме за милионските тендери што беа наменети за бадеми, лешници, морски плодови, џипови … или за хеликоптерите … или за тоа кој е “главата” на Рекет … додека речиси секое второ-трето семејство останува без приход и неизвесно живее од месец за месец.

И за крај, ве молам, јавно и транспарентно да им кажете на граѓаните за која европска иднина им зборувавте до пред некој месец и да споредите со сегашната ситуација?

Нечесно е да раскажувате бајки по социјалните мрежи, не почнува и не завршува се на фејсбук. Излезете меѓу граѓаните и видете ја суровата реалност за која вие функционерите од СДСМ не сакате ниту да слушнете, ниту да видите.

Виновни сте, и за тоа народот ќе ве казни!

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Парламентарни избори 2020