недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанушев до Николовски: Ќе одговарате и вие, ќе одговара и Заев сите ќе одговарате за сторениот криминал

Јанушев до Николовски: Ќе одговарате и вие, ќе одговара и Заев сите ќе одговарате за сторениот криминал

Ќе одговарате и вие, ќе одговара и Венко Филипче сите ќе одговарате за сторениот криминал, му посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на генералниот секретар СДСМ, Љупчо Николовски говорејќи за актуелните состојби во државата во емисијата „Топ Тема“.

-Николовски имате кривична пријава, вие сте во моментов обвинет со кривична пријава, не јас. И престанете да лажете. Престанете да манипулирате и ќе одговарате еден ден за ова. Ќе одговарате за се што имате направено и вие и Заев за се што имате направено. Испеана плоча сте и заминувате во историјата, прифатетете го тоа. Ова ви е борба само за опстанок и сте свесни колку ќе изгубите не само во тројка туку во цела Република Македонија.

Тој забележа дека неспособноста е главна карактеристика на оваа власт на СДСМ и на сите кои што учествуваат таму. Власта на СДСМ Јанушев ја окарактеризира како демагози кои што три години немаат направено ништо.

-СДСМ се само демагози ќе излезат ќе кажат, ова ќе правиме, она ќе правиме, вака така, еве ги информираме граѓаните, на дело ништо нема затоа ја имаме оваа ситуација денеска. Да си ја сфатеа работата сериозно и да земеа барем една работа овие три години да направат како што треба, ова денес немаше да се случува денеска, вели Јанушев.

Коронавирус