Вие Манчевски клеветите луѓе кои ве бранеле луѓе на 27 април. Зошто не кажувате дека ве бранеле. Вие за истите велите дека сакале да ве убијат. И сега конечно признавате дека немало тероризам, ама луѓе лежат невини, рече Игор Јанушев, генерален скретар на ВМРО-ДПМНЕ обраќајки му се на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на дебатата на Телевизија 24.
Јанушев категорично кажа дека се затворени луѓе по 20 години затвор
-Сите што сториле насилство, секој кој тепал треба да одговара за делото што е направено. А што се направи, се затворија луѓе за тероризам. Вие затворивте луѓе по 20 години затвор за тероризам, а меѓу нив има и невини, рече Јанушев.
Според него ВМРО-ДПМНЕ за да се огради треба да стои позади настанот на 27 април, а ВМРО-ДПМНЕ не стои.